Избрани најдобрите просветни работници

Претставници на Сојузот на просветни работници, Министерството за образование и наука, Институтот за македонски јазик, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и бројни просветни работници денеска го одбележаа Светскиот ден на учителот- 5-ти Октомври, со доделување признанија за шест најдобри наставници во учебната 2017/2018-та година. Денот им го честиташе заменик министерот за образование, Петар Атанасов кој нагласи дека квалитетот на образованието во најголем дел зависи од учителите и наставниците. Тој вети дека во наредниот период ќе направат се во законските измени, пред се наставниците да не се третираат како административни работници, туку наголем дел од времето да го посветат во воспитувањето и образованието на децата,

-Мора да ги намалиме обврските се што постои а го одзема времето во тој наставен час да го вратиме воспитувањето, зашто ако нема добро воспитување нема ни образование во законските измени ќе направииме се да добете поддршка и од централаната и во соработка со окланата власт да може да вложиме и во инфраструктура, надграба на наставните планови, изработка на подобри учебници, но пред се во создавање на добра општествена клима за  статутот и улогата на наставникот и учителот во општеството дилема се уште во светот поважен е наставникот отколку комјутерот-нагласи Атанасов.

Претседателката на Сојузот на просветни работници, Лидија Николовска Георгиевска во своето обраќање во Занаетчискиот дом истакна дека иако Македонија има долга просветителска традиција која во 9-от век ја ширеше Свети Климент Охридски, се уште не е обезбедена вистинска почит и силно вреднување на оваа професија.

– Денес учителите се исправени пред низа предизвици, континуирана информатичка едуцираност, добро познавање на детската и развојна психологија, примена на соверемените и интерактивни методи. Виталноста, вербата и достоиството на учителите постојано треба да се развива затоа што тие се заслужни за климата, при имплементација на воспитно образовниот процес, културата етиката и иднината на дражвата секако дека зависи во голема мера од нивната ангаќираност, образованието е најдобар влог во секое општество. Затоа треба да се продолжи на подобрување на статусот на образованието-нагласи таа.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој истакна дека му е чест што градот е домаќин на ваква манифестација. Тој им се заблагодари на просветните работници што даваат голем придонес за реализација на воспитно образованиот процес во Македонија.  Потенцираше дека последното училиште во Куманово е изградено во далечните 1800-ни години. Нагласи дека за да се подобри квалитетот на работа првенствено треба да се подобрат и работните услови.

-Сметам дека е дојдено времето во рамките на нашите заеднички заложби просветните работници особено учителите и учителките ги трансформираме во образовни работници а не во административци. Треба да продолжиме во духот на негувањето на сите морални вредности во општеството-посочи тој.

За 2017/2018 година признанија добија магистер Љупка Стојменова, професор по македонски јазик и литература во основното училиште Никола Караев од Кочани, Сузана Николовска, професор по македонски јазик и литература во ОУ Кире Гавриловски Јане- Прилеп, м-р Лидија Михајловска, педагог во ССОУ Наце Буѓони Куманово, Фатиме Алили,  професор по одделенска настава во ОУ Живко Брајковски Скопје, Гордана Угриновска професор по одделенска настава ОУ Елпида Караманти Битола и м-р Раде Илиевски професор по физичко воспитување во ОУ Рајко Жинзифов Скопје.

-Се чувствувам многу горда имам голема чест што сум избрана од илјадници просветни работници денес да бидеме ние тие одбраниете што ќе ја понесеме оваа награда за она што сме го анправиме за годините наназад. Ние работиме со заедницата, секојдневно, напорно, професионално, мислам дека она што го работиме навистина кога ќе погледнеме дека овие личности израснале во граѓани  кои ќе го градат Куманово, државата-истакна Лидија Михајловска, добитник на признанието.

Манифестацијата ја организираше Сојузот на просветни работници на Македонија, заедно со општина Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)