Избран изведувач на катната гаража

Градоначалникот Максим Димитриевски очекува до крајот на годинава да биде поставена првата монтажна катна гаража во централното градско подрачје. Изведувачот на градежните работи е избран по пат на електронска аукција.

-Завршена е оваа постапка. Mислам дека некоја фирма од Гевгелија или Валандово, не сум сигурен бидејќи немам допирни точки со тој сектор. Eдноставно кога ќе дојдат договорите тогаш само ги потпишувам.  Tаму е однапред дефинирана согласно закон постапката електронска аукција , се јавуваат поголем број на компании, најпрвин се отвораат понудите, а подоцна и се применува електронското наддавање каде што секој понудувач ќе може дополнително да ја спушти цената за понудената услуга. Моите очекувања се дека некаде до крајот на годината ние ќе ја имаме реализацијата на првата катна гаража, монтажна катна гаража во форма на урбана опрема во централното градско подрачје пред локацијата Центар за култура . Му посакувам на изведувачот кој што ја има добиено оваа работа час поскоро да ги заврши градежните работи за да можеме сите ние да ја користиме , а  секако обврската на општината останува да плати за услугата , изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Во меѓувреме додека се реализира проектот Катна гаража,  Димитриевски апелира до граѓаните, учесници во сообраќајот да се паркираат на означениот паркинг простор, а не за таа намена да ги користат јавните површини и тротоари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)