Известување за вода

На  02-ри  февруари годинава (сабота наспроти недела) со почеток од 23:00 часот времено ќе биде затворена водата за ниска и средна водоводна зона во град Куманово, поради вградување на мерна опрема и замена на стари затворачи со нови во кругот на Фабриката за преработка на вода за пиење односно  (Филтер станица).                                                                                                                     Во повисоките делови на ниската и средната  водоводна зона во градот ќе има недостиг на вода, во пониските делови ќе биде намален притисокот во водоводната мрежа, додека во високата водоводна зона водоснабдувањето ќе биде нормално.

Предвидените активности се планира да бидат завршени во најкраток рок при што водоснабдувањето ќе биде нормализирано во текот на раните утрински часови, известуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)