Извисија вработените во Монопол- фабриката не се продаде

Триесетина поранешни вработени во тутунскиот комбинат Боро Петрушевски  -Папучар  денеска побараа од стечајниот управник да им објасни до каде е постапката за продажба на фабриката и конечно решавање на нивниот статус. Голготата на овие луѓе почнува од 2004-та година кога остануваат без работа, но бидејќи не им дадени отказни решенија, се сметаат како вработени и покрај тоа што не земале плата ниту пак им биле платени придонеси за целиот период се до март 2013-та година. Стечајните работници ќе бараат и прием кај надлежните во Владата.

-Имаме неисплатени плати, наше барање беше да се видиме со стечајниот управник да не извести до каде е продажбата на комбинатот, меѓутоа  дознавме дека се е во рацете на државата. Материјалното што ни следуваше 6 месеци не го добивме, се жалевме до Управен суд го добивме спорот, некои колеги земаа, а нашите решенија сега ги обжалува социјала и труд, изјави Светлана Спасовска, стечаен работник

-Бараме од власа да не примат и да ни објаснат што е со нас, ние останавме на улица, 10 години стаж не ни е платен, се сметаме како вработени во книшката ми пишува 29 години, а имам 20 години платен стаж. Зошто да не ни го платат стажот, ние не сме виновни што не ни дале отказ веднаш кога застана со работа комбинатот, изјави Олгица Димковиќ , стечаен работник

-Законот што се примени со 25 години работен стаж да добијат по некое материјално примање, а ние со ист стаж само што долгот не е подмирен и за малку за година, за две останаваме без ништо, баравме и на нас статусот да ни се реши, и на нас да ни помогне, Владата да ни помогне да го оствариме тоа право, изјави Лилјана Стефановска, стечаен работник

Стечајниот управник Зоран Денковски ги информираше поранешните вработени дека  досега имало два неуспешни обида Монопол да се продаде од причина што  не се јавил заинтересиран купувач.

-Законот за заклучување на стечајни постапки отворени согласно Закон за присилно порамнување стечајни ликвидации и Закон за стечај предвидено е дека после две неуспешни продажби на имотот на стечајниот должник треба да следи распределба на имотот во накраток можен рок и тој имот ќе биде распределен  на сите доверители сразмерно на нивните побарувања, тоа се законски одредби кои не можеме да ги избегнеме, во овој момент се уште не се пристапува кон распределба на имотот од причина што има имот кој се уште не е предмет на продажба значи не поминал две постапки на продажба се очекува во најскоро време во наредната недела или десетина дена да се објави таа втора продажба за тој имот и доколку тој имот биде продаден паричните средства ќе влезат во стечајна маса, доколку не биде продаден тогаш и тој имот ќе биде вклучен во планот за распределба кој ќе треба да биде подготвен веднаш после  неуспешната продажба, изјави  Зоран Денковски, стечаен управник

Вкупните побарувања на работниците утврдени со пресуда на Основен суд Велес  изнесуваат 117 милиони денари бруто плати и 7 милиони 333 илјади денари  – приоритетни  плати за последните три месеци пред отворање на стечај. Според Денковски, долгот на тутунски комбинат кон државата изнесува над 30 милиони евра што е значително повеќе од вредноста на имотот на Монопол кој е проценет на 12 милиони евра.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)