Изгор цени на Зелениот пазар

Превисоки цени на раноградинарски производи ги пречекаа денеска кумановци на Зелениот пазар.  По 120 денари за килограм се продаваа домати и краставици, 180 денари се бараше за килограм пиперки или 20 денари за едно парче, цената на зелката се движеше од 50 до 70 денари, а младиот кромид и марулата  чинеа од 15 до 30 денари.

Граѓаните кои повеќе прашуваа за производите, а помалку купуваа сметаат дека трговците претерале со цените. Општиот став на купувачите е дека секоја година пред најголемите христијански празници  цените скокаат дури за 50 отсто. Единствено, велат кумановци, јајцата останале по иста цена.

Тезгаџиите признаваат дека цените се малку повисоки, но тоа не било поради Велигден, туку заради намаленото земјоделско производство како резултат на поплавите во целата држава.

Иако денеска е најголемиот пазарен ден пред Велигден, гледајќи  по посетеноста на пазарот, може да се каже дека Велики четврток е само обичен ден во неделата. Но, и покрај тоа што и купувачите и производителите  или трговците се согласуваат дека цените се високи, сепак најнеопходните производи ќе се најдат на трпезата на граѓаните

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)