Изградбата на кампот за бегалци се уште во тек

Изградбата на монтажните објекти за мигрантите кои транзитираат низ државата, на железничката станица Табановце, се одвива во полн ек и се очекува да заврши до крајот на наредната недела. Поставени се четири од предвидените шест бараки, кои мигрантите ќе ги користат за краткотраен одмор и освежување, но не и за подолго задржување. Работниците кои ги изведуваат градежните работи, велат дека во тек е и расчистување на теренот со цел да се добие поголема повришна за поставување на засолништата.

Освен монтажните објекти, предвидена е изградба на тоалети и чешми, ќе се изврши осветлување и поплочување на кампот со бекатон плочки. Во изградбата на објектите се вклучени волонтери од општинската организација на Црвениот крст и граѓански активисти. Проектот чини околу 1000 евра, а средствата се обезбедени од УНХЦР.

Екипата на телевизија Плус денеска го посети Табановце со цел да ги пречека мигрантите кои со воз требаше да пристигнат од Гевгелија. Наместо во 14:00 часот, од полицијата добивме информација дека возот ќе задоцни неколку часа, поради тоа што во него се качиле 900 мигранти и покрај тоа што има место за само 600. Бројот на ммигрантите постојано се зголемува и откако ќе пристигнат на железничката станица, по кратка пауза, заминуваат кон Србија и останатите земји во Европа.

Жителите на село Табановце сметаат дека ваквото помагање на странците е хуман гест, но велат дека не им е се едно поради тоа што кампот се наоѓа во непосредна близина на нивните куќи. Неколку пати имале непријатни случки со мигрантите, кога тие им упаѓале во домовите и преноќувале во напуштените објекти околу куќите. Сите активности и интервенции на Црвениот крст ги покрива УНХЦР.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)