Издадена монографијата „Трајко Муфтински“ од Славица Крстиќ

Во издание на Музеј Куманово излезе од печат монографијата за „Трајко Муфтински“ од авторката Славица Крстиќ, советник документатор, историчар на уметност. Монографијата го опфаќа професионалното творештво на Муфтински, областа на иконописот, фрескосликарството и современото профано сликарство. Трајко Муфтиски, по пат на завештание, има подарено ликовни дела со теми од христијанската религија во одделението за историја на уметност во кумановскиот Музеј и, како што рече авторката, која е и истражувач на црковната уметност во кумановско – особена чест ѝ претставувало да го обелодени неговото име, првин преку изложбата од пред две години, а сега и преку оваа скромна публикација.

Издавањето на оваа монографија се совпаѓа со 125-годишнината од раѓањето на Трајко Муфтински (1895 – 2020), првиот академски сликар и зограф од Куманово, како и 100 години од неговото творештво во родниот град, од првите потпишани икони во манастирот Карпино (1920 – 2020). Тој зазема заначајно место во развојот на историјата на уметноста како последен македонски зограф и еден од првите основоположници на современото македонско сликарство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)