Изложбата „Моменти 2“ утре во градската галерија

Уметничката галерија во Куманово утревечер ќе биде домаќин на циклусот уметнички дела „Моменти 2“ од академскиот уметник Слободан Тимчевски Линка.

Околу триесетина дела на кумановскиот уметник, работени во акрил на платно, ќе бидат изложени за кумановци кои одблизу ќе имаат можност да се запознаат со декоративниот стилски израз на својот сограѓанин.

Слободан Тимчевски Линка е наш познат сограѓанин, ликовен наставник, уметник кој припаѓа на една генерација веќе созреани и спремни автори кој ќе направи обид по втор пат оваа година да се претстави пред нашата јавност со новиот циклус слики наречен „Моменти 2“. Новиот визуелен циклус со одредени поместувања во начинот на ликовното изразување претходно беше реализиран, би кажала дел од него, во  Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, така да останува да ги повикаме нашите сограѓани, особено љубителите на ликовната уметност утревечер од 19:30 часот да бидат тука и да го испочитуваме неговото творештво бидејќи зад него стојат богати ликовни активности, тој е активен творец, ова е четврта по ред негова изложба, бил учесник на повеќе групни изложби на повеќе од 20 интернационални ликовни колонии, изјави Драгана Спасовска, кустос и историчар на уметност во Уметничката галерија.

Претходно 14 дена, Тимчевски изложба на своите дела под насловот „Моменти“ имаше и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде преку збирката беа изложени 25 дела.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)