Изложба „Големата мајка“ од авторот Љубе Алексовски

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Големата мајка“ од авторот Љубе Алексовски.

Се работи за неколку колажи, цртежи и слики работени во техниката акрил на медијапан.

Изложбата „Големата мајка“ има колажен и концептуален формат, ги одразува разнородните релации помеѓу авторот и неговата перцепција на актуелната стварност во повеќе сфери на нашето егзистирање како единки, нивните контроверзии, парадокси, на утопиското, баналното, преку разнородни сегменти што будат љубопитност со својата неочекувана динамика, ритмика, контроверзна трансформација, повеќекратна преобразба како и многуслојна метафоричност што ја носат многубројните колажирани елементи. Изложбата ќе биде отворена до 30 март 2021.

Љубе Алексовски e роден 1953 во Куманово, живее во Скопје и e прв дипломиран ликовен педагог во Струга при СОУ „Нико Нестор“ и СОУ „Др. Ибраим Темо“. Работи во сите техники и стилови, организатор е на повеќе ликовни работилници, ликовни колонии, радио и ТВ емисии ширум републикава.

Алексовски дипломира на Педагошка академија, (Ликовна насока) во Скопје, a подоцна и на Факултет за ликовни уметности ( Педагошка насока) во Скопје. По своето дипломирање реализирал повеќе самостојни проекти а видлива активност остварил во полето на sидното сликарство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)