Изложба „Жените и фотографијата“ за 8-ми Март во „Трајко Прокопиев“

Во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март,  Фото клуб Куманово во соработка со  Центар за култура “Трајко Прокопиев“  ја организира изложбата на уметнички фотографии “Жените и фотографијата“. Отворањето е закажано за 5ти март во 12 часот.

Жената отсекогаш била дел од светот на фотографијата, како муза, модел и инспирација, но и како уметник чии фотографии имаат моќ да инспирираат. Мора да се истакне дека Фото Клуб Куманово е со поголема бројност на жени фотографи, кои како активни членови на клубот успеаја да се закитат со многу награди годинава. Поради интересот, минатогодишната изложба беше презентирана и во други градови, а од клубот се надеваат дека така ќе биде и оваа година.  Изложбата  брои 50 фотографии,  и е составена од две теми, ставајќи акцент на улогата на жената во современиот свет, но и оставајќи слободен простор за интерпретација на авторите.

Изложбата ќе биде поставена до 17 март 2021, ве повикуваме да ја посетите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)