Изложба „ Жените и фотографијата“

Во чест на претстојниот празник 8-ми март, Фото клуб Куманово четврта година по ред  организира изложба на уметничка фотографија насловена „Жените и фотографијата“. На повикот за учество на изложбата се пријавиле над 30 фотографки, а биле разгледани повеќе од 500 фотографии . Селекторот на изложбата Жаклина Стефановска при изборот на фотографиите се раководела со мотото „Жените-фотографи и нивната можност за слободно изразување преку фотографијата, откривање на себе си и светот околу нив“ .

Историски гледано, жените биле вклучени во творењето на фотографијата уште во далечната 1839-та година.

-Ги повикувам сите љубители на уметничката фотографија да бидат дел од изложбата , изјави Жаклина Стефановска, селекторот на изложбата

Изложбата ќе биде отворена на трети март неделава, во центарот за култура „Трајко Прокопиев“, со почеток во 19 часот и 30 минути.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)