Изложба и поетска средба „Лет и пев“

Во Центарот за култура синоќа се отвори изложбата и поетската средба, насловена „Лет и пев“, на ликовните автори Наташа Радосављевиќ – Нара од Србија и Мирослав Трендафиловски – Мики од Куманово. Љубителите на уметноста имаа можност да проследат изложба на слики и цртежи.  

-Голема е честа и задоволство што имам можност да изложувам во вашиот град, заедно со колегата. Јас сум сликар-поет и поет-сликар, тоа се двете мои деца кои еднакво ги сакам и ги одгледувам. Својата љубов ја преточив во слики а тоа што не е така и не може да биде во поезија-истакна Радосављевиќ – Нара.

-Да кажам благодарам што одвоивте време да бидете со мене и наташа до слушнеме добра поеизија и да се дружиме-посочи Трендафиловски.

За ликот и делата на авторите пред присутните зборуваше Роберт Цветковски од Центарот за култура.

-Таа е автор кај сака да ги спои да направи симбиоза меѓу ликовното и поетското и на некој начин да црпе инспирација и од ликовното и од поетското и да се обидува на некој начин да даде свое видување на светот во тој процес и да направи едно комуникација меѓу оние нејзини творечки размислувања и пошироката ликовна публика. Нејзина главна окупација се портретите и пејсажите. Тој е автор кој има извонредна линија на движење, во регионот, учесник е на многу ликовни колонии, како автор, уметник, организатор. Она што е карактеристично за него е секако неговиот ликовен израз, кој е можеби од најспецифичмните на македонската ликовна сцена. Преку повеќедецениско лично искуство успеа да изгради личен ракопис каде носечките елементи се извонредниот цртеж и колорит-нагласи Цветковски.

Настанот го збогати литературното творештво на Радосављевиќ – Нара за коешто пред присутните зборуваше м-р Љупка Стојменова.

Инаку Радосављевиќ – Нара е родена во Јагодина, а живее и работи во Белград. Завршила колеџ за ликовна и применета уметност во Белград. Мирослав Трендафиловски  е роден  во Куманово кадешто живее и работи како самостоен уметник. Има учествувано на повеќе групни ликовни изложби, проекти и ликовни колонии како и 25 самостојни изложби во земјата и странство.  Изложбата во Куманово ќе биде поставена до четврти април.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)