Изложба на ФКК „Козјак“ – „Мајски салон 2021”

„Мајски салон 2021” која е и традиционална клубска изложба на ФКК „Козјак” ќе биде официјално отворена на 27.05.2021 (четврток) во НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово со почеток во 12:00 часот. Посетителите на салонот ќе имаат можност да бидат сведоци на фотографии изработени од страна на членовите на ФКК „Козјак”.

Покровители на изложбата се Министерството за култура и Општина Куманово, како и традиционално поддржана од Народна техника, НУЦК „Трајко Прокопиев“ и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Публиката ќе има можност да види четириесетина фотографии, мигови од реалноста, специфичен вид на сведоштва за она што, низ уметничката перспектива на нашите членови, значи да се биде ОВДЕ и СЕГА. Оваа изложба има за цел да го презентира и надополни естетскиот сенс за уметничката фотографија, кој го гради нашиот клуб веќе половина век. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК „Козјак“. Оваа година се издвојува од останатите по тоа што истите ке бидат изложени на 21 пано во формат 100x70cm.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)