Изложба „Мотивите -белег на традицијата“

„Мотивите -белег на традицијата“ е етнолошка изложба која што ќе биде отворена утревечер во уметничката галерија. Автот на изложбата е Надица Петковиќ, кустос етнолог во Музеј Куманово. Како што најави дирекорката Анита Цветановска ќе бидат изложени голем број на етнолошки предмети од депото на етнолошкото одделение.

-Уште еднаш ќе потврдиме дека она што нашите кустоси бидејќи кустос е чувар на културното наследство дека не само што го чуваат во депо богатото културно наследство туку пред се сакаат да го презентираат пред пошироката јавност и да го прикажат делот од нашата богата историја на она како се живеело во минатото а покрај тоа да направат една паралела на сето она кое што се провлекува и денес , изјави Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово

Експонатите, деловите од народни носии и од ткаенини ќе ги претставуваат мотивите и спецификите на  шопско пољанските села, вели авторот на изложбата Надица Петковиќ.

-Тоа се предмети од крај на 19 и почеток на 20 век, има помал број предмети од педесетите години, целта е да ја прикажаме нивната сочуваност на нашата жена домаќинка, нејзината умешност и труд која вложила во изработка на овие ткаенини и народни носии , изјави Петковиќ.

Изложбата е со почеток во 19 часот и 30 минути.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)