Изложба на графики и објекти на Јовановска

„Буквата за себе и човекот“ е насловот на изложбата на графики, објекти и видео на авторката Ана Јовановска, која ќе се отвори утревечер во 19 часот и 30 минути во Центарот за култура Трајко Прокопиев.

Според професорот Мирко Вујисиќ делата од изложбата заокружуваат еден процес презентиран преку графики (традиционални и нетрадиционални), објекти и видео. Ова визуелно истражување е обид за разработка на човековата природа, општеството на паралела со јазикот и прикажување на поврзаноста на структурите во општеството преку структурите кои ги нуди јазикот.

Јовановска е родена 1991 година во Куманово. Дипломирала при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во мај 2014 година, како графичар и графички дизајнер. Студира како Еразмус стипендист при Факултетот за ликовна уметност во Франција. Добитник е на наградата за најдобра графика Драгутин Аврамовски-Гуте (2013), признание за постигнат највисок просек и одлични резултати во текот на студиите и Grand Prix на VIII от  младински пролетен салон. Магистрирала графика при ФЛУ во мај 2016 година.  Учествувала на повеќе самостојни но и над 60 групни изложби во Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, Чешка, Полска, Русија, Италија, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Мексико, Аргентина, Колумбија и САД.

Изложбата ќе биде поставена до осми декември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)