Изложба на графики и цртежи на Анка Стоилковска

„Недовршени соништа. Траги на вечноста“е насловот на ретроспективната изложба на слики и цртежи на прерано починатата авторка Анка Стоилковска, која се одржа синоќа во Центарот за култура. На изложбата беа изложени 20-тина дела од нејзиниот повеќегодишен творечки период.

Стоилковска е роден 1972 година во Куманово. Завршила средно училиште за применета уметност а потоа дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, графички оддел. Магистирала во Софија. Била член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1997 година. Пред присутните за ликот и делото на Стоилковска зборуваше историчарот на уметност, Роберт Цветковски.

-Една авторка која значаен дел од својот живот го посветува на едуцирање меѓутоа со ова не завршува нејзиниот интерес за проучување на графичката уметност, таа оди на две студиски патувања во Париз а во текот на својата кариера успеа да направи околу 20 самостојни претставувања. Започна 1997 година во Куманово и од тогаш се има претставено и во Бугарија, Словенија, Германија, Франција а секако во тие меѓупростори имаше можност да учествува и во повеќе ликовни проекти, колонии. Имав можност да ја следам како графички автор од почетокот доста се занимаваше со формата, со цртежот, елементите, го бараше својот графички израз за да подоцна и се јави интерес кон бојата и таа трансформација одеше полека преку цртежот за да на крајот заврши како автор кој работи и слики, токму и таа 2013 година и таа наша последна соработка се однесуваше на серија слики насловена Каменот зборува-нагласи тој.

Стоилковска почина на 22 ри декември 2018-та година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)