Изложба на предмети на учениците од „Наце Буѓони“

Во Центарот за култура денеска се одржа изложба на предмети кои што ги изработиле ученици од  трета година во паралелките на македонски и албански јазик на насоката техничар за компјутерско управување при средното училиште Наце Буѓони. Предметите се изработени на дидактички ЦНЦ машини, кои се донација од ОБСЕ и Министерството за образование и наука, во рамки на проектот Градиме мостови во кој што е вклучено училиштето.

-Целта на проектот е зајакнување на меѓуетничките односи и како резултат на овој проект добивме донација од ОБСЕ и Министерството за образование и наука со тоа што успеавме да добиеме дидактички цнц машини една глодалка со четири оски и цнц струка на кои нашите ученици ќе имаат можност поуспешно да ја следат наставата и да можат практично да го увидат она што го работиме на часовите по теорија. Во рамките на проектот ние имавме за цел заедничко одржување на часови секоја втора недела секој месец така што учениците имаа можност практично да работат на машините и овде веќе се изложени предметите кои нашите ученици ги имаат изработено со овој проект-посочи Жаклина Тошиќ проф. машинска група предмети Наце Буѓони.

-Ова е донација од ОБСЕ што е многу добро бидејќи се современи машини децата може на современ начин да работат. Ова се предмети кои се годинава работени ние ќе продолжиме со тоа-истакна Халим Мисини машински инженер Наце Буѓони.

Професорите се заблагодарија на директорката и колегите за несебичната поддршка која што им ја дале, за да успешно по трет пат се реализира овој проект.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)