Изложба на слики „Порака“ од Роберт Цветковски

Во Центарот за култура утревечер со почеток во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики со наслов „Порака“ од академскиот сликар Роберт Цветковски. Се работи за дваесеттина дела од неговата најнова продукцуја работени во техниката масло на платно.

Цветковски е роден во Куманово 1965 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна умeтност во Скопје 1989 година. Работи во гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.

Учествувал на бројни изложби во и надвор од државата.

Коментари

коментар(и)