Изложба на Татјана Манева во Центарот за култура

Изложба на слики на авторката Татјана Манева ќе биде отворена вечерва во изложбениот салон на Центарот за култура. Кумановци ќе имаат можност да проследат дела во поголем формат кои авторката ги работела во периодот од 2017 до 2019 година.

-Се работи за авторка која живее и работи во Скопје, ова е нејзино прво претставување. Има извонредно богата карира со многу реализирани изложби во сите поголеми галериски центри во Македонија, има излагано и во Франција, Црна Гора, САД, Кина, Германија. Се работи за техниката масло и акрил на платно, верувам дека поголемиот дел од гледачите ќе бидат изненадени бидејќи се работи навистина за специфичен автор со специфичен ликовен израз така што да ги повикаме сите љубители на ликовната уметност да бидат присутни вечерва на отворањето-истакна историчарот на уметност, Роберт Цветковски.

Изложбата ќе се отвори во 20 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)