Изложба на уметничи фотографии „Улица 2015“

Републичка изложба на уметнички слики со наслов „Улица 2015“  беше отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Изложбата е организирана од Фото Кино Клуб “Козјак“ од Куманово. Изложени беа 65 дела на црно-бели и колор фотографии во дигитална и слободна принт тема.

– Денес ќе отвориме 2 изложби првата е републичка изложба на уметничка фотографија „Улица 2015“, а втората е клубска изложба на Фото Кино Клуб “Козјак“ каде се претставени најуспешните дела на нашите членови во изминатиот период. На републичка изложба на уметничка фотографија земаа учество автори од целата држава како членови на фото сојузот на РМ. така и слободни автори кои се занимаваат со фотографија, вели Милош Нешковски, член на извршен одбор на ФКК „Козјак“

 Од сите пристигнати фотографии еминентното жири ги одбра најдобрите  кои беа изложени на поставката , а 12 од нив беа наградени. Вкупно 60 автори со 283 дела во дигитална техника на тема улица и 49 автори со 214 дела на слободна тема во принт техника испратија свои фотографии на изложбата.

-Жирирањето не беше тешко но беше специфично бидејќи се одвиваше  во овој простор, се редеа фотографии и тоа е реткост да се види во нашава земја. Има многу малку изложби кои се жирираат на принт, објаснува Дејан Ангеловски, претседател на ФКК „Козјак“

Фото Кино Клуб “Козјак“ постои од 1948 година а освен со уметничка фотографија се занимава и со  аматерски филм. Клубот има постигнато значајни резултати како на домашни, така и на интернационални фестивали на фотографија и филм.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)