Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утре организира изложба на уметничка фотографија насловена Жените и фотографијата.
На овогодинешната изложба покрај познати фотографски имиња ќе се најдат и имиња на ученички од локалните училишта, кои беа дел од истоименито проект во кој имаше предавање од истакнати женски индивидуи од светот на уметноста (актерки, фотографки, сликарки), на кое му претходеше работилница за основите во фотографирање, а круна на работилницата и предавањата е изложбата Жените и фотографијата.
На изложбата застапени се две теми. Ставен е акцент на жената – нејзината појава и улоги во еден организиран визуелен облик кој заслужува внимание, и слободна тема како простор за интерпретација на светот околу себе виден преку објективот на жените автори.
Изложбата ќе се отвори во 19 часот!