Изложба на фотографии „Жените и фотографијата“

Во Центарот за култура  Трајко Прокопиев во четврток во 19:30 ч ќе се отвори изложбата на фотографии „Жените и фотографијата“, која ја организира Фото клуб Куманово. Меѓуклупската изложба е по повод Светскиот ден на Жената, 8-ми март.

-Беа поканети сите автори од Република Македнија, се пријавија над 30 авторки со над 140 дела, од нив најдобрите 60 дела се селектрани од Фросина Јовановска. Ги поканувам сите граѓани од Куманово да дојдат во Трајко Прокопиев на 8-ми март во 19:30 часот да ја видат моќтта на жената изразена преку фотографијата-изјави Мила Златковска член на Фото клуб Куманово.

Изложбата на уметничка фотографија Жените и фотографијата која се организира по петти пат, е посветена на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Жените биле вклучени во творењето на фотографијата уште од создавањето на првиот фотоапарат на Луј Дагер, во далечната 1839-та година. Во прво време, пречките за нивното учество биле поголеми отколку во останатите уметности. Требало подолг период  за да  фотографско творештво добие општо признание од пошироката јавност.

 

Коментари

коментар(и)