Утре со почеток во 13 часот во Изложбениот салон на Центарот за култур ќе се отвори изложбата на фотографии, со кои ќе се промовира златниот антички наод од неготинско. Изложбата е во рамките на повеќегодишната соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово
Археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ се наоѓа во непосредна близина на Неготино, поточно на 6 километри јужно од градот на самиот автопат Скопје-Гевгелија.
Во август 2008 година при археолошко истражување од страна на стручна екипа од Музеј на град Неготино, под раководство на кустос-советник археолог Кире Ангеловски, на длабочина од 0,35 до 0,50 cm., се пронајдени повеќе предмети од златен накит и монети кои што датираат од IV-III век пред наша ера.