Изложба на цртежи од кумановецот Кирчо Арсовски во Струмица

Во Струмица е отворена изложбата на цртежи „Комплицирано е“ на Кирчо Арсовски од Куманово. Ова е втора изложба од проектот „Ѕид на уметноста“ во кој струмичани ќе имаат можност да се запознаат со уште еден од уметниците во Македонија што создаваат авангардна и неконвенционална уметност. Изложбата ќе биде продажна, а ќе бидат претставени 30 дела. Самиот проект има цел да претстави уметници од државата што создаваат минијатури, цртежи, графики, кроки-скици и дела со помал формат, кои не секогаш успеваат да бидат презентирани во поголеми простори или галерии.

Коментари

коментар(и)