Изложба на шарпланинци – меморијал Владимир Крстевски

Во организација на кинолошкото друштво Тумба, а во чест на починатиот судија Владимир Крстевски, викендов во Куманово за прв пат се одржа кинолошка изложба на специјализираната расата шарпланинец. На изложбата која се одржа на градскиот кеј, учествуваа 80-ина кучиња од овој вид од повеќе градови од државата, но и од соседна Србија.

-Имавме учесници од државата и соседна Србија, Чешка и Канада. Во каталогот беа пријавени 76 кучиња од кои на терен излегоа 73 и плус уште 8.  Се надевам дека сите учесници се задоволни, обезбедивме богати награди и се надевам дека наредната година дека ќе има уште повеќе учесници и од Босна и Словенија,сега беше краток рокот за маркетинг за одржување. Сепак сме благодарни на посетителите и учесниците на манифестацијата-истакна претседателот на кинолошко друштво Тумба од Куманово,  Кирчо Крстевски.

Учесниците истакнаа дека се задоволни од одлуките на судиите и ја пофалија организацијата на изложбата.

-Мојата одгледувачница брои 13 единки, денеска на оваа прекрасна изложба на меморијален турнир во чест на големиот Влатко донесовме за жал едно куче и се надевам дека помина убаво бидејќи беше избрана за најубава женка на изложбата.  Судењето беше одлично, за мене како победник ми претставуваше голема чест и се надевам дека беше реално, самата публика го кажа тоа-посочи Александар Ѓеоргиевски.

– Јас сум од Штип пред се сакам да се заблагодарам на организаторите за организацијата, судењето беше одлично, со мали забелешки, меѓутоа се е како што треба.   Клупски победник на овој меморијал, се надевам дека наредната година меморијалот ќе прерасне во поголема бројка-посочи Антонио Панчевски од Штип.

– Јас доаѓам од Ниш, сум долгогодишен пријател на починатиот Владимир Крстевски, другари сме од 95 година. Организацијата беше одлична, многу сме задоволни, во Куманово се чувствуваме како дома-нагласи Слободан Петровиќ, одгледувачница од Ниш.

Организаторите се надеваат дека оваа изложба ќе прерасне во традиција.

Коментари

коментар(и)