Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

Во Изложбениот салон на НУЦК “Трајко Прокопиев“ – во Куманово, утре во 12 часот ќе се отвори изложбата на небесни пејзажи со наслов „Небо“ на ликовната уметница Јана Јакимовска.

На изложбата ќе бидат претставени 20 дела во техниката акрил на платно работени во последните 3 години.

Во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска ќе рече: „ Јакимовска со своите дела ни нуди ,прозорец’ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија – да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела.“

Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)