Изложба од Меѓународна колонија „Неготино 2020“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во петок ќе се отвори изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“.

На изложбата ќе бидат претставени околу триесеттина слики од авторите учесници на колонијата. Отворањето ќе се спроведе со сите здравствени протоколи пропишани за овој вид на галериска активност.

Во изминатите две години во Неготино, во последната недела од месецот јуни, се одржуваше ликовната меѓународна колонија „НЕГОТИНО“ во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“.

Проектот е  подржан од Министерството за култура и Општина Неготино, а во организација на општинската установа Музеј на град Неготино.  Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26-ти мај.

Коментари

коментар(и)