18 дела од не академски ликовни уметници од Куманово утревечер ќе бидат изложени во центарот за култура „Трајко Прокопиев“. По паузата во периодот од 2012-та до 2017 –та година традиционалната ликовна манифестација „ САМОУКИ“ повторно пред љубителите на визуелните уметности. Изложбата продолжува со нови слики, цртежи, скулптури.
– Годинава имаме над 18 дела, тоа се слики, цртежи, скици, сликани во различни техники, имаме и помлади наши сограѓани и повозрасни, најмлад е ученик во средно училиште, а највозрасен е пензионер. Секој сликаше по свој избор, своја тема, изјави Сашо тодоровски, директор на Центар за култура
Изложбата ќе биде отворена во дваесет часот. Веднаш по отворањето на „Самоуки“ , пред платото на центарот за култура , СРМА ќе организира фолклорна манифестација со настапи на КУД од Куманово и од соседните земји, Р.Србија и Р.БУгарија, како најава за годишниот концерт на СРМА што ќе се одржи во сабота, во големата сала на центарот за култура, изјави Марјан Бошковски, СРМА
По годишниот концерт на 17-ти јуни , членови на СРМА заминуваат во Босна во Сански мост .