Изложба „Фото салон Куманово 2015“

Во Уметничката галерија синоќа беше отворена традиционаланата изложба Фото салон Куманово 2015, која ја организира Фото кино клуб Козјак. Присутните имаа можност да видат 120 наградени фотографии, од автори од 60-ина држави, работени во четири теми,  слободна (црно-бела и колорит) природа и живот.

-Пристигнаа фотографии на околу 360 автори, тоа е околу 4700 фотографии. Изложбата помина во најдобар ред, беа поделеник околу 120 награди, една од наградите ми припадна мене односно ФИАП диплома. ФИАП е најголема светска организација за фотографии, така што ми претставува голема задоволство што добив диплома-изјави Милош Нешковски член на фото кино клуб козјак.

Фотографиите ги избрало стручно жири од мајстори на фотографија во состав Бора Рудиќ, Раша Милојевиќ и Борислав Миловановиќ од Србија.

-Ова е добра прилика првин да се видат на едно место, под исти критериуми, фотографии на познати мајстори од светско реноме и на наши автори, тоа е многу важно, тоа е она што оваа изложба ја прави посебна. Ова е можност на едно место да бидат видени овие трудови, од публиката која во други прилики не би имала можност да ги види-истакна Цветан Гавровски, фотограф.

Награда на годинешниот фото салон доби и  Кирил Штрков од Фото клубот Елема од Скопје.

-Немав никакви очекувања, ова е дигитална изложба каде се појавуваат верувам до 5.000 фотографии, така што да очекува човек  награда, е многу амбициозно. Пријатно сум изненаден, фотографиите кои ги гледам на оваа изложба големо задоволство ми носи тоа што и мојата фотографија е меѓу ваков одличен избор што го направи фото клубот-нагласи тој.

Оваа меѓународна изложба на Фото кино клуб Козјак се реализира веќе една деценија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)