Изложба „ Landscapes “ на Ангелина Поповска

Академскиот сликар Ангелина Поповска повеќе од две ипол децении работи и го дава својот придонес на полето на науката и уметноста во РМ. Освен што работи на ликовно поле, таа е истражувач, конзерватор, вработена во Националниот  конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони. На последната,  четврта самостојна изложба на слики од Поповска во Куманово, љубителите на уметноста имаа можност да видат дваесетина дела изработени на плексиглас и на стакло со комбинирана техника .

-Природата секогаш ме фасцинирала , а плексигласот во комбинација на метал , овој пат Владо Костов го искористив да направи некои ефекти со металот и да можеме тие да ги комбинираме внатре во сликите. Користам различни материјали, но со смолите кои што ги користам можам буквално се да „заробам“  во нив, па и металот и тие се во вид на планови. Мислам дека само во втората просторија успеавме со светлоста да го достигнеме ефектот на сенката кој исто така игра услога во самата композиција. Кај другите делумно е постигнато, но ве уверувам дека во каталогот или во некои фотографии , или видеа што се направени сенките што се постигнуваат од оваа транспарентност се исто така дел од композицијата. И јас тоа го сакам, изјави Ангелина Поповска, академски сликар

Делата на Поповска ќе бидат изложени во уметничката галерија до 28-ми месецов. надлежните од националаната установа ги повикуваат граѓаните, но и ликовните педагози да ја посетат изложбата.

-Четвротото издание, Landscapes опфаќа  дваесетина дела каде што можеме да ја препознаеме извонредната занаетска вештина која што овој автор ја рефлектира во делата. Ја препознаваме по нејзиниот афинитет кон морското, кон пејсажното, но сепак стилизирано сликарство , инаку сите дела се изработени на плексиглас и на стакло исто така, ги карактеризира исклучителна транспарентност , илуминација, тоа се еден вид алхемичарски дела, каде што светлината и рефлесијата играат голема улога, изјави Драгана Спасковска, историчар на уметност

„Кај овој автор ништо не е случајно, туку однапред добро анализирано и истражено, што говори за нова технологија, односно нови уметнички предизвици сега веќе мошне актуелни и атрактивни и во европски рамки“ , вели Спасковска, автор на текстот во каталогот .

– Работам со плексиглас одамна , во  2008-та година имав изложба во Софија, таму беше концептуална изложбата на плексигласови каде илуминацијата играше особено значење и исто така бев со еден автор, скулптор кој работеше на метал. Некако таа комбинација 3Д , скултуралното што постои во моите слики и оваа нова техника што ја користам се совпадна и овој пат да го направам овој циклус Landscapes .

Aнгелина Поповска остварила повеќе групни и самостојни изложби во земјата и странство и освоила повеќе први награди. Родена е 1967-та година,  во Романија. Завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје , во
2005 –та година  магистрира на Факултетот за применети уметности во Белград , а во 2012 –та  докторира на Институтот за национална историја во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)