Илиевски и Спасовски на средба со чевлари од Куманово

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и поранешниот градоначалник на Куманово Слободан Ковачевски вчера остварија средба со претставници на чевларската индустрија.

На средбата заеднички се согласија дека општината може да помогне многу повеќе во зачувувањето и развојот на овој занает.

Илиевски потенцираше дека го нуди најдоброто решение за нивните проблеми и приоритети, коишто се тесно поврзани со растот и развојот на оваа бранша, како што се гасификација, осветлување и асфалтирање на Индустриска, поврзување на Тромеѓа и Карпош со асфалтен пат и изработка на ДУП, како и имплементирање на ИПА програмата за развој на чевларска индустрија.

“Со поддршка од страна на општината да обезбедиме подобри услови за работа на чевларите, со цел унапредување на квалитетот на производите. Со гасификација на индустриската зона ќе ги намалиме трошоците на компаниите, со што истите ќе бидат поконкурентни и на меѓународниот пазар, со што ќе се придонесе и кон унапредување на локалниот економски развој.”

Илиевски информираше дека само преку аплицирање на проекти може да го подигнеме стандардот во Куманово. Тој потенцираше дека проектите финансирани од европските ИПА фондови ќе бидат од исклучително значење за развој на индустријата, односно за модернизација на капацитетите на компаниите, со што ќе преминеме кон високо технолошка економија.

„Општината ќе спроведува едукативни семинари за аплицирање и управување со проекти од ИПА програмата за развој на чевларската индустрија, за да чевларите како крајни корисници ќе имаат можности да создадат нов кумановски бренд со кој ќе го вратиме престижот на занаетот во градот”, заврши Илиевски, се наведува во партиското соопштение.

Коментари

коментар(и)