„Име“ го отвори фестивалот „Денови на комедија“

Со изведба на претставата „Име“ од Театар Комедија Скопје  започна 19-тиот Меѓународен фестивал „Денови на комедија 2016“. На годинешново издание, љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 13 претстави од кои девет од Македонија, а останатите од театрите во Србија, Бугарија и Косово. Фестивалот кој е во организација на центарот за култура, а поддржана од надлежното министерство има ревијален карактер. Речиси за сите претстави билетите однапред се распродадени.

– Како и секогаш и оваа година интересот е фокусуран на почетокот  и на завршетокот на фестивалот, и на претставите од странство иако и за сите а култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, Сашо Костовски, в.д.  директор на Центар  за култура „Трајко Прокопиев“

И годинава се избрани најдобрите комедии во македонска продукција , но и претставите однадвор се внимателно одбрани и ветуваат одлична посетеност, сметаат надлежните.

-Кумановската публика го поддржува фестивалот,што може да се забележи вечерва и присутна е на сите претстави,што значи дека фестивалот си го положи испитот и стана една потреба на кумановската публика за релаксација“-изјави Ристо Стефановски, член на советот на фестивалот

И публиката е задоволна од изборот на претставите.

Фестивалот „Денови на комедија“  завршува на 15-ти октомври со комедијата „ Бегај еве ја жена ти(Па не баш) во режија на Коле Ангеловски , а во изведба на кумановскиот Театар.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)