Имплементација на проектот на СОС „Граѓани со иста цел“

Невладината организација СОС Куманово го имплементира проектот „Граѓани со иста цел“ кој што ги опфаќа и разгледува прашањата на дискриминираните групи на луѓе и поединци по разни основи. Во проектот се анализирани прашањата дали сите граѓани имаат исти права и колку им се достапни можностите истите да ги искористат во своето функционирање во општествениот живот. Исто така фокусот е ставен и кон одредени категории на човечкото постоење како што се националноста, етничка, религиската припадност кои што можат да бидат основа за одреден тип на дискриминација. Во проектот се опфатени и теми како што е и полова дискриминација со што се анализираат родовите улоги во нашето општество. Со проектот исто така се анализира улогата и функцијата на граѓанските организации кои што постојат во државата, каква е нивната соработка и колку се тие израз на граѓанските потреби и проблеми. Експертот за социјална политика и недискриминација Душко Миновски посочи дека Македонија ги има потребните институции за заштита на одредени групи или граѓани од дискриминација.

-Дискриминацијата е присутна секаде во светот па и кај нас, меѓутоа по укажување на  Комисијата за европски прашања се донесе законот во април месец 2010 година и на база на донесениот закон се формираше Комисија за заштита и спречување на дискриминација. Во тој контекст Уставниот суд во член 9 не упатува дека нема дискриминација по повеќе основи. Потоа го имаме Народниот првобранител, но се формираше и комисијата како стручно тело која укажува дека граѓаните кои се наоѓаат во неповолна положба дали станува збор за индивидуа, група на граѓани, не може да се дискриминираат, вели Душко Миновски, експерт за социјална политика и недискриминација

Покрај тоа што е формирана Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и донесен закон Миновски посочи дека дискриминацијата не е статична појава, туку со текот на времето и со создавање на нови групи на граѓани и идентитети на одредени поединци законите треба да бидат усогласени и да одговорат на потребите на сите граѓани. Миновски истакна дека граѓаните често не ја забележуваат дискриминацијата се додека не се засегнати, така што со постоењето на граѓанскиот сектор е од голема важност да истражува и да ги промовира вредностите на недискриминација. Миновски се осврна на одредените основи за дискриминација.

-Најчесто ги имаме преставките во самата комисија, преставки по основ на етничка припадност по основ на пол по основ на возрасна структура не збориме само за деца или возрасни туку воопшто за возраст како категорија и по однос на хендикеп, но тука можеме да дискутираме и за дискриминација по основ на јазик, религија, социјален статус, здравствен статус, пристап до добри услуги и тн, 19 основи се, секогаш може да се видат согласно законот, но општо земено добро беше што беше донесен законот за да можеме да работиме на темата не само кога ќе примиме претставки туку и на подигнување на свесноста, вели Душко Миновски, експерт за социјална политика и недискриминација

Миновски посочи дека институциите имаат задача да работат на законската регулација на недискриминацијата, но и покрај тоа да бидат присутни на терен, така што од голема помош им се истражувањата и проектите на невладините организации. Проектот е финансиран од Генерален Секретаријат на Влада на Република Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)