Инвестиции во основното училиште во Умин дол

Детско игралиште, партерно уредување  и нови тоалети доби основното училиште „Карпош“ во селото Умин дол. Инвестицијата вредна  3,5 милиони денари финансиски е поддржана од општина Куманово и македонскиот центар за меѓународна соработка, кој што уште минатата година во рамките на проектот „Акции во заедницата “ со поддршка на британската амбасада започнал таква иницијатива во Умин дол и Горно Којнаре и во липковското село Отља. Во сите села биле спроведени форумски сесии каде што жителите ги одредиле приоритетите.

-Во случајот на Умин дол граѓаните предложија шест различни проекти кои им беа од клучен приоритет што на крајот со гласање направија приоритизација на прво место го рангираа новиот санитарен јазол, потоа беше детското игралиште со парк а потоа уште други 4 проекти кои верувам дека во иднина ќе ги реализира општината  во соработка со други донатори и партнери. Денеска ги пуштаме во свечена употреба избраните проекти на граѓаните , да заеднички се израдуваме на тој успех, а исто така да го одбележиме почетокот на новата учебна година, оптимист сум дека вакви иницијативи, вакви проекти, општината и понатаму ќе спроведува каде што граѓаните ќе го имаат своето учество, изјави Димче Митрески, МЦМС

Новите проекти  денеска ги пушти во употреба градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

-Врз основа на сондажа на мислење заедно со мцмс го направиме проектот за прилкучување на санитарните јазли за училиштетот, направени се три санитарни дела и го споивме со училиштетот бидејжќи беше одделен,направивме септичка јама, партерно уредување и уредување на забавен парк за младите од една разбирлива причина ова училиште прв пат за десет години има запишано 23 ученици во прво одделение што покажува тенденција дека се враќа младоста во овој дел на куманово така што имаме ии обврска тоа да го поттикнуваме, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Во основното училиште Карпош од година в година се зголемува бројот на запишани ученици. Годинава 23 првачиња ќе посетуваат настава во основното училиште „Карпош“ во  селата  Умин дол и Љубодраг.

-Голема благодарност до месното население на село Умин Дол затоа што тие по еден демократски и транспарентен начин одлучија средствата да ги вложат во нашето училиште, всушност ги вложија средставта во својата иднина бидејќи овде учат деца не само од умин дол, туку и од ново село и љубодраг, изјави Владимир Јовановиќ, директор на ОУ„Карпош“ во с.Умин дол

Вкупната бројка на ученици во Умин дол изнесува 146.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)