Инвестиции во селото Сопот

Се гради потпорeн ѕид на училиштето во селото  Сопот. Училиштето ќе добие и нова ограда,  пред се од безбедносен аспект за учениците, потенцира градоначалникот Зоран Дамјановски. Заедно со претставници на локалната самоуправа , Дамјановски излезе на терен и лично се увери како одат градежните работи . Инвестицијата во Сопот е на УНДП, а свои вложувања има и општината.

-Ова е погранично село кое исто така е зафатено од бегалската криза и од тој аспект УНДП  влезе со инвестиција како барање на месната заедница за поставување потпорен ѕид и безбедност на сообраќајницата во самото село. Локалната самоуправа тука инвестираше санитарни јазли заедно со УСАИД и септичка јама заради безбедност  и хигиeна на учениците, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник  на Куманово

Но, изградбата на потпорниот ѕид не е единственото барање на жителите на ова село.

-Најчесто  се комуналните проблеми, инфраструктурата. Приодниот пат до селото е во  добра кондиција,  но улиците во самото село се потреба на жителите на ова мултиетничко село, додаде Дамјановски.

Според податоците од последниот попис во 2002-та година во селото живеат 318 жители , претежно од албанска националност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)