Индиски сој на ковид-19 детектиран во Македонија, пациентот се вратил од Ирак

Од Министерството за здравство соопштуваат дека минатата недела е детектиран индиски сој на ковид-19 кај нас, а пациентот кој е заразен се вратил од Ирак.

„Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот ковид-19. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека состојбата на пациентот е стабилна и дека тој не е знак за ризик.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)