„Инклузива“ бара да го набљудува референдумот

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива од Куманово, поднесе барање за добивање акредитација од Државната изборна комисија, за набљудување на претстојниот референдум, кој ќе се одржи на 30-ти септември. Оваа организација веќе две години интензивно работи на зголемување на учеството на лицата со попреченост во политичкиот, изборниот процес. Претседателката на здружението, Благица Димитровска гостувајќи во емисијата „Став“ на ТВ Плус,  информираше дека е планирано да имаат 40 набљудувачи, низ целата територија на Македонија.

-Oпфатени се урбани и рурални средини, за да имаме увид на лице место како е на сите места, ќе се гледа во однос на пристапноста, материјалите, нашите набљудувачи ќе набљудуваат од страната на попреченоста, вооопшто нема да се вклучуваат во другите теми. Ние тоа го работиме и на тоа сакаме да вршиме мониториниг. Нешто ново во нашата акредитација ако биде одобрено е дека 88 проценти од набљудувачите ќе се самите лица со попреченост, а останатиот дел се нивни блиски, според нас оваа група на граѓани највалидно може да ги набљудува изборните процеси-истакна таа.

Оваа година Инклузива потпиша и меморандум за соработка со Државната изборна комисија, со која се реализираат серија обуки за нивната стручна служба но и на општинско ниво.

-Сето тоа не би знаеле колкав ефект ќе има ако не ги набљдуваме изборните процеси. Пред нас  е референдумот, и за прв пат поднесуваме барање за акредитирана организација која ќе има свои набљдувачи. Тоа значи многу бидејќи она што го правевме ќе  имаме валидни податоци од терен што недостасува уште и дали сработеното се реализира на терен. Ако не набљудуваме нема да имаме никакви податоци и нема да знаеме што да планираме понатаму-истакна таа.

Во рамките на Проектот: Референдум за сите, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество започна и со одржување на шестте  информативна работилница за лицата со попреченост. Учесниците ќе имаат можност да се информираат за политичкото и изборното право на лицата со попреченост според Член 29 од Конвенцијата на Обединетите нации, изборен законик, правилници и упатства, бариери за учество на лицата со попреченост во политичките и изборните процеси и заложбите во однос на нивно надминување.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)