Инклузива доби акредитација за набљудување на референдумот

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива од Куманово, доби акредитација од Државната изборна комисија, за набљудување на претстојниот референдум, кој ќе се одржи на 30-ти септември.

Оваа организација веќе две години интензивно работи на зголемување на учеството на лицата со попреченост во политичкиот, изборниот процес.

Претседателката на здружението, Благица Димитровска информираше дека е планирано да имаат 40 набљудувачи, низ целата територија на Македонија.

Ќе бидат опфатени урбани и рурални средини. Ќе се набљудува во однос на пристапноста, материјалите, односно она што е поврзано со попреченоста.

Од Инклузива истакнуваат дека е значајно тоа што дури 88 проценти од набљудувачите ќе бидат самите лица со попреченост, а останатите се нивните блиски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)