„Инклузива“ со неколку забелешки од референдумот

Осумдесет проценти од објектите за гласање беа непристапни за лицата со инвалидска количка, констатираа од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива, кое го набљудуваше референдумот со 40 акредитирани набљудувачи. Од здружението истакнаа дека и покрај сите заложби и овој пат лицата со попреченост биле спречени да го остварат своето право на глас. Додаваат дека иако во училиштата имало празни училници на првиот кат, гласањето се спроведувало на вториот. Освен непристапноста, нотирале и други неправилности.

-Непотребните предмети беа на некои од гласачките места што го попречуваа движењето на оваа категорија граѓани. Во референдумските материјали кои дел од нив ги подготвивме и ние, имаше и новини кои ги подготви Државната изборна комисија не се употребуваа правилно, граничникот речиси воопшто не се употребуваше, бидејќи само на едно гласачко место кое го набљудуваа нашите набљудувачи е употребувано, на останатите воопшто не. Имам и лично искуство бидејќи во доцните часови и јас набљудував, дел од избирачките одбори каде што направив корекција за да го пронајдат граничникот им требаше многу време, воопшто не беа запознаени што е тоа-посочи таа.

Сликовитите прикази за процесот на гласање, кое што ги изготви здружнието биле поставени, но на погрешни места, бидејќи информациите не стигнале до избирачките одбори. Акредитираните набљудувачи на Инклузива на некои гласачки места забележале и навреди и говор на омраза.

-Избирачките одбори воопшто не се обучени за оваа категорија на граѓани затоа што од нив слушнав дека тие немаат таква категорија на граѓани зошто да ги поставуваат материјалите, така не смее да се зборува бидејќи се прави голема дискрминација на оваа категорија граѓани, тие постојат, тие се тука. Но поради условите не можат да пристапат до гласачките места. Во Брвеница имаме забележано говор на омраза и псовки, навреди кон сите гласачи, но и кон набљудувачите меѓу кои и нашите. На неколку места добивме информации дека од кочаните порано биле скинати ливчињата, пред да дојдат гласачите, бидејќи нашите набљудувачи беа на терен од од 6 часот наутро самото отворање и воопшто не се презело ништо за да се исправи грешката, туку скинатите ливчиња се давале на гласачите-дополни Димитровска.

Многу повеќе информации од Инклузива најавија по изготвување на целосниот извештај. Тие се надеваат дека и во иднина ќе продолжи соработката со институциите, но и дека се преземат активности ваквите практики на терен да не се случуваат повеќе. Воедно од ова здружение им се заблагодарија на набљудувачите, од кои повеќе биле лица со одредена попреченост, за беспрекорното известување.

 

Коментари

коментар(и)