„Инклузива“ со Тв Плус – дел од Коалиција за медиумска писменост

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово во соработка со Телевизија Плус, е едно од осумте граѓански организации кои што вчера станаа дел од Коалицијата за медиумска писменост основана од Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ . Грантовите на организациите беа доделени во ЕУ Инфо-центарот во Скопје.

Добитниците на грантовите заедно со своите медиумски партнери се и први членови на Коалицијата, чија цел е да се поврзат граѓанските организации и медиумите заеднички да ја едуцираат јавноста како да се справи со мноштвото информации и вести, но и да ги поттикне самите да креираат содржини употребувајќи ги медиумите како алатка за артикулирање на нивните интереси и активно да учествуваат во јавната сфера.

– Ние направивме истражување во текот на август и септември во целата држава каде што имаше неколку области кои ги истражувавме,  јавната свест и дискриминацијата на лицата со попреченост, социјална заштита, здравстевна заштита , вработување , комуникации и физичката пристапност. Тоа беше една водилка да аплицираме заедно со вас за овој повик , бидејќи комуникацијата со лицата со лицата со попреченост е на многу ниско ниво, но и јавната свест иако се трудиме со години да ја подигнеме јавната свест сепак е на многу ниско ниво, а најважна алатка за подигање на јавната свест е токму медиумот.  Целта на проектот е вклучување на лицата со попреченост во општеството и во локалната заедница и јакнење на нивните вештини преку обуки за медиумска писменост и директо учество во серијал на емисии. Овој серијал ќе биде од пет емисии каде што партнерот ќе ги уредува и ќе ги снима заедно ќе ги подготвуваме темите , но и директно ќе комуницира со оваа категорија на граѓани, изјави Благица Димитровска, претседател на Здружение „Инклузива“ – Куманово

Првите членови на Коалицијата во текот на следните две години ќе работат на различни активности во повеќе сегменти од општествениот живот. Доминираат иницијативи кои вклучуваат продукција на медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, едукација на младите за критичка перцепција на информациите и вештини за препознавање манипулација и лага, но и практикување професионални новинарски стандарди. За поуспешна реализација на избраните иницијативи, Високата школа и лондонскиот Институт ќе ги обучуваат претставниците на медиумите и на граѓанските организации за основните концепти на медиумската писменост и комуникација со јавноста.

Грантистите беа избрани на јавен повик на којшто се пријавија 38 апликанти. „Од избраните осум граѓански организации, само две се локални меѓу кои и кумановското  Инклузива што укажува за колку значаен проект станува збор“ –  потенцира  Димитровска.

Формирањето на Коалицијата е дел проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што го финансира Европската Унија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)