„Инклузија на деца Роми во образовен процес“

„Инклузија на деца Роми во образовен процес“ е насловен проектот кој што денеска го промовираше Центарот за ромска заедница Дром, кој се реализира со поддршка на  Центарот за семејно и детско згрижување и Ромскиот ресурсен центар. Овој проект е подгрант на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите  за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ финансиски поддржан од Делегација на Европската Унија. Досегашното истражување покажало дека причини за исклученост на децата од образовниот процес се заминување во странство, немање соодветна документација, ниското образование на родителите.

-Овој проект започна во февруари досега веќе имаме реализирано некои активности и сега тука целта ни е да го претставиме проектот пред релевантни инситуции и невладини организации. Досега изготвен е прашалник за теренско истражување во ромските населби, всушност ќе се прави истражување за број на деца кои не се вклучени во образовниот процес и прашалникот го потполнуваат четворица истражувачи во исто толку ромски населби и централното градско подрачје во Куманово. Активностите се во тек, веќе имаме остварени средби со стручните служби на основните училишта-нагласи Ресмија Асановска координатор на проект.

Дром од Куманово е една од 11-те организации од девет општини од државата кои Ромскиот ресурсен центар ги вклучил во проектот.

-Она што има за цел проектот е да обезбеди поволна средина за граѓанските организации и општеството за заштита на децата, правата на децата Роми особено правото до квалитетно образование. Специфичните цели на проектот се да обезбедат поддршка за локалните граѓански органзиации кои се дел од целиот проект да ги зајакнат нивните капацитети да бидат во идиниа пононкурентни за искористување на европските фондови и да креираат инклузивни политики, позитивни модели за образование на Роми кои секако на подолг рок ќе помогнат за успешно вклучување на децата Роми кои се исклучени од образовниот процес-посочи Фата Шусеинова Ромски ресурсен центар.

Проектот се имплементира од јануари 2017-та до истиот месец 2019-та.

 

 

Коментари

коментар(и)