Инспекторите и полицијата се сретнаа со угостителите

Инспекторите за животна средина при Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово и претставници на полициската станица од општа надлежност и отсекот за превенција денеска одржаа едукативен состанок со  угостителите и управителите на станбените објекти со цел да им укажат на законските одредби кои што се должни да ги почитуваат , особено во пресрет  на летната сезона. Претставниците на полицијата потсетија дека треба да се почитува  Законот за јавен ред и мир. Доколку се регистрира присуство на малолетни лица во угостителски објекти или простории за забава, кафеани, ноќни барови, диско клубови подоцна од 24 часот ќе биде изречена глоба од 2.000 евра, а 30 проценти од одмерената глоба е на правното лице . Исто така, следуваат санкции и за гласна музика од угостителските објекти односно бучава.

-Членот 8 од истиот закон што се однесува на гласна музика , бучава- кој го нарушува мирот на другите со пеење, користење на музички инструменти, радио и тв апарати, како и со механички извори на врева, мотор и слично во периодот од 15 до 18 часот и по 23  часот до 06 ќе му се изрече глоба од 800 евра, и 30 проценти од одмерената глоба на правното лице. Овие два се најбитни членови од Законот за заштита на јавниот ред и мир по кој што ние постапуваме. Ќе потенцирам, целта е пред се да ви се укаже за доследно почитување , а од наша страна во соработка со Општина Куманово ќе спроведуваме интензивни акциски контроли во вашите објекти дали законот се почитува. Исто така, станува збор и за кривично дело точење алкохол на малолетни лица, казните се огромни, па дури и затворски за сопствениците на угостителските објекти кои што точат алкохол на малолетници. Нема некои од сопственици на угостителските објекти  за кои што имаме поголем број на поплаки во однос на овие два члена, изјави Игор Митевски, командир на ПС од Општа надлежност

Од Отсекот за превенција потенцираа дека при обиколките кои што ги правеа во изминатиот период со родителите било утврдено дека се точи алкохол на малолетни лица, а забележано е и присуство на малолетници по 24 часот во угостителските објекти. До дел од угостителите беа упатени и критики во однос на поставувањето на урбана опрема на сообраќајните површини, односно троторите.

– Согласно закноксите прописи општината може да дозволи ама сепак според закон на поголем простор, дел од тој простор да биде зафатен со укажува дека дел од угостителите немаат такво одобрение, или ако имаат за еден метар, зафаќаат два метра. Ќе се преземат мерки и во однос на тоа бидејќи се зафаќа сообраќајна површина, тротоари, а сега е во тек акцијата да ги вратите тротоарите на пешаците, заради безбеденост на граѓаните. Кој нема одобрение нека си побара, кој има да внимаат кадеи колу треба да биде зафатена таа површина.  Апел до угостителите да се почитува законот за штетна бучава, особено онаму каде што има жива музика. Вие одговарате за се, и за нарушување на јавен ред и мир, обврска да пријавите такви настани. Не се закануваме на никој, заеднички да разговараме, за проблемите во однос на безбеденоста во објетите, законските прописи, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција

Претставниците на СВР Куманово посочија дека реагираат по пријава од граѓани за нарушување на јавниот ред и мир, а доколку сопственикот на угостителскиот објект не го пријави нарушувањето, ќе му биде изречена казна.

Коментари

коментар(и)