(ВИДЕО) Интегра на средба со членовите во Крива Паланка

Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски денеска заедно со членовите и симпатизери на партијата, ја посети Крива Паланка, при што го претстави кандидатот за градоначалник, Славчо Станковски и носителот на листата Оливер Дејановски.

-Имавме средби со граѓаните, разговаравме, интересот е голем и можеме да заклучиме дека состојбата во Паланка е длабоко разочарувачка. Ние подолго време сме присутни овде, град којшто се наоѓа на граничен премин, на коридор 8 треба да блеска. Град кој за 30 години две црно-бели политички гарнитури го донеле на дното на можното. Жално е да се гледаат само стари лица, младите да заминуваат од државата. Интегра има висока перспектива на овие локални избори ние отвораме една нова развојна перспектива, со новите развојни инвестициски фондови, општински банки. Интегра ќе отвори перспектива за микро, мали и средни бизниси-нагласи лидерот на Интегра.

Коментари

коментар(и)