Интензивно се расчистуваат тротоарите

Интензивно се работи на расчистување од мраз на јавно -прометните површини во градот. Надлежните во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ признаваат дека работите на терен одат тешко поради се уште ниските температури, но нивните вработени максимално се трудат да го пробијат мразот на тротоарите, плоштадите и паркинг просторот за да се обезбеди нормално функционирање на граѓаните и возилата.

– Првично после големите  минусни температури одлука и интенција е да се расчистат сите јавно- прометни површини кои што се заледени нормално и двата плоштада со тоа што работите одат многу тешко.  Свесни сте дека со дневните минусни температури каде што во ноќните часови температурата е во уште поголем минус има лед од десет до петнаесет сантиметри талог, меѓутоа и покрај тоа успеавме да ги расчистиме сите оние витални места во градот, пред судот, пред општината, централното градско подрачје, двата плоштада. Продолжуваме со работа и мислам дека во наредните денови сето она што е круцијално и битно за нормално функционирање на луѓето ќе го расчистиме и ќе дадеме придонес кон расчистување на централното градско подрачје , пред се , изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Што се однесува до улиците во градот од Регионалниот центар за управување со кризи соопштуваат дека во општина Куманово сите улици и патишта се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, во одредени делови отежнато, по влажни и делумно подмрзнати коловози, со остатоци од замрзнат  снег.

Регионалниот центар за управување со кризи информира и дека сите патни правци кон селата вклучително  и земјените патишта се прочистени и проодни, а од страна на претпријатијата задолжени за одржување во двете зони  се врши утврдување каде е потребно дополнително да се дејствува. Проодни се локалните патишта и во општината Старо Нагоричане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)