Интервју со кандидатите за претседател на СДСМ, вечерва во 20 часот на ТВ Плус

Како медиум кој во интерес на јавноста, ги следи актуелните случувања во градот, се обидовме да направиме интервју со кандидатите за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. Упативме покани до Мартин Костовски, Марјан Спасовски, Драгана Цветковска, Сашо Тодоровски, Сашо Милковски, Оливер Илиевски, Александар Арсиќ, Виктор Божиновски и Емил Ташевски. Беше предвидено сите кандидати да одговорат на пет, исти прашања, коишто им ги доставивме.

На нашиот покана одговорија само Драгана Цветковска и Виктор Божиновски, па вечерва во рамки на емисијата „СТАВ“, со почеток во 20 часот на ТВ Плус, ќе можете да ги слушнете нивните ставови и мислења, зошто тие треба да ја водат партијата во Куманово.

Оливер Илиевски и Емил Ташевски, иако најавија гостување, сепак го откажаа, нагласувајќи дека тоа е поради оправдани причини.

Марјан Спасовски навреме информираше дека нема доставено програма со која требало да ја потврди кандидатурата, па е исклучена можноста да биде претседател на општинската организација, иако бил предложен во скоро сите месни одбори. Тој не поднел кандидатура, бидејќи нема амбиции, затоа што веќе има политичка функција во партијата, односно е член на Надзорен одбор на СДСМ.

Останатите кандидати воопшто не одговорија на поканата на телевизија Плус.

Сепак од наши извори дознаваме дека најверојатно Костовски и Арсиќ нема да учествуваат во трката за претседател.

Дали Цветковска и Божиновски се клучните кандидати за иден претседател на  партијата во Куманово, па само тие одговорија на нашето барање, останува да видиме на почетокот на март, кога ќе се објави одлуката.

Гледајте „СТАВ“ на ТВ Плус во 20 часот!

 

 

 

Коментари

коментар(и)