Интересна книжарница на тркала во центарот на Куманово

Утре на плоштадот во нашиот град, од 10 до 18 часот, ќе биде поставена мобилна книжарница. Оваа книжарница е на тркала, се вика „Зборче“ и е во сопственост на Книжевниот центар „Антолог“, а посетата се реализира во соработка со нашата библиотека.

Овој нов концепт на книжарници официјално почна да се тркала од 17ти Март оваа година од Плоштадот „Македонија“ во Скопје, откога и ги менува локациите низ државава, доближувајќи им ги најактуелните наслови и автори на читателите ширум републиката, понекогаш и на најнеочекуваните места.

Настанот ќе биде со задолжително почитување на сите протоколи и заштитни мерки во време на Ковид 19.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)