Интернатот во Драгоманце – втор дом за учениците

Десет ученици од прво до деветто одделение од козјачкиот регион престојуваат во ученичкиот дом во рамките на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане. Тие се редовни ученици, како и останатите шеесетина ученици во училиштето. Годинава во интернатот се сместени деца кои што живеат во селата Жегљане, Кокино, Степанце, Арбанашко и Мглинце, информира директорката Анета Станковиќ Јанковска.

-Сите тие ученици не помалку се инволвирани за разлика од останатите ученици, сите се во склоп на овие активности и се вклучени во наставни и во воннаставни активности и се дел од сите проекти.

Ученичкиот дом располага со солидни услови за престој, со оглед на тоа што пред две ипол години целосно беше реновиран со средства од министерството за образование и наука, а доби и донација од Амбасадата на Република Чешка  во Македонија, нови душеци за спалните соби, прозорци и врати.

-Ученичкиот дом е реновиран, целосно, располага со нови простории, нова кујна, тоалети, спални соби. Децата имаат прекрасни услови во ученичкиот дом за разлика од некои кои што ги посетуваат и имаат во домашна атмосфера. Храната тука се подготвува во нашиот интернат, има кувар во ученичкиот дом . Секој викенд си одат дома, изјави Станковиќ Јанковска.

Во централното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  учат 70 деца, а има и четири подрачни во селата Пелинце, Челопек, Арбанашко и во Мглинце.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)