Интернационална кичевска колонија во Куманово

Утревечер со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура  ќе се отвори изложба на слики од 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија.

На оваа реномирана колонија којашто се организира во „Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино (Кичево), на 25-тото издание  учествуваа дваесетина уметници од земјата и странство.

 Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно, но има и графики и скулптури.

Колонијата е под покровителство на АД „Тајмиште“ – Кичево и во својата колекција има преку 900 дела.

Претставувањето на 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура и истата ќе биде поставена за целиот период на времетраењето на Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата 2019“.

Коментари

коментар(и)