Инфо ден за ИПАРД 2014-2020

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, денеска во Куманово ја претстави ИПАРД Програмата 2014-2020 година. Земјоделците од поширокиот кумановски регион на инфо денот „Европски можности за македонското земјоделство “ имаа можност да се информираат  за ИПАРД фондовите, за начините како да поднесат апликација, како да подготват проект и како да ги искористат средствата. Пред два дена заврши повикот за мерката 3 за која земјоделците пројавиле голем интерес, информираше заменик директорот на Агенцијата , Авдуљ Селам – Селами.

-За прв пат е надмината и сумата која беше предвидена со буџетот на таа мерка. Интересот беше голем кај фармерите, стопанствениците. Очекуваме што побрзо да се аплицира и да не се чека крајниот рок 9 февруари , изјави Авдуљ Селам – Селами, зам.директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој

За мерката три, биле одвоени 13, 2 милиони евра од кои 75 проценти се средства од буџетот на ЕУ, а останатите од буџетот на Македонија. Вкупно, појасни Селами за двете мерки има околу 25 милиони евра на располагање.

-Земјоделците во минатото искористиле само 17 проценти од  ИПАРД 1. Земјоделците го надминаа мислењето дека ИПАРД фондовите се само промовирање и дека тешко можат да се добијат. Со мала волја и добар проект се стигнува до овие средства изјави  заменик директорот  Селами.

Годинава, внимание ќе се посвети на советодавните услуги кои ќе им помогнат на земјоделците да изработат квалитетни проекти, да ги искористат и овие средства од програмата ИПАРД, но и ресурсите кои ги нуди државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)