Инфо сесија за невработени и за претприемачи Роми

Информативна средба со невработените и со претприемачите од ромска етничка заедница денеска се одржа во организација на Иницијативата за економски равој на Ромите – РЕДИ , Центарот за вработување Куманово и општината. Присутните беа информирани за можностите кои се нудат за вработување и за развој на претприемништвото преку активните програми и мерки од Оперативниот план за вработување .

-Делумно дел од ромските претприемачи се запознаени, но тоа е многу мал број,  поголем број од претпримачите воопшто не знаат за овие мерки, а оние кои што се запознаени поголем број од нив излегуваат со најава дека немаат добиено поддршка од програмите за кои што аплицирале, а тоа е бидејќи има различни фази таму и таа е и целта денес, ние со нашата поддршка да ги развиеме нивните капацитети се со цел тие да поминат низ сите фази и да добијат поддршка од програмите на АВРСМ, изјави Надире Реџепи, од Иницијатива за економски развој на Роми -РЕДИ.

 Организацијата Иницијатива за економски развој на Ромите- РЕДИ  е мрежа од невладини организации која работи на меѓународно ниво и се фокусира кон финансиска инклузија на ромски претприемачи  и економско зајакнување на ромските заедници во Европа и на Балкан. Вакви инфоо сесии организираат и надвор од државата, во Србија, Романија, Чешка, Словачка, Унгарија.

Надлежните од Одделението за локален еконмски развој и од Центарот за вработување во Куманово сметаат дека ваквите трибини непосредно влијаат за полесно пронаоѓање на работа за невработените.

– Вакви настани и средби индиректно се организираа преку невладиниот сектор, но сега за првпат Општина Куманово како партнер со организацијата РЕДИ и АВРСМ  го одржува овој настан и се надевам дека многу повеќе ќе работиме на таа проблематика. Колку што имаме информации дека има посебна програма од активните мерки за вработување што оди преку Агенцијата за вработување  посебно за ромската програма. Се надевам дека дел од овие програми кои што се предвидени Ромите претприемачи кои што сакаат да започнат или да влезат во бизнис ќе отворат свои фирми или другите мерки што ги нуди самата програма, изјави Ахмет Јашаревски, Одделение за ЛЕР

Од кумановскиот центар за вработување појаснуваат дека невработените Роми генерално се заинтересирани за вклучување на пазарот на труд, за директно вработување, но и во рамки на мерките за побарувани занимања, обука за познат работодавач, практиканство, јавни работи, општинско –корисна работа, а минатата година преку програмата самовработување, припадниците на ромската етничка заедница пројавиле интерес и за основање бизнис во такси служба и во земјоделска дејност.

 -Припадниците на ромската етничка заедница се една и од ранливите групи на невработени лица кои што како посебна целна група се ставени и во оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 та година. Имавме интерес лани во речиси сите мерки, во обуки за занаети, во програмата за самовработување, за побарувани занимања и за сите други мерки кои што предвидени во оперативниот план- изјави, раководителката на центарот за вработување,  Марија Димитријевска.

Инфо- сесии ќе се одржат  и во општините Битола, Шуто Оризари и Кичево, информираат од организацијата РЕДИ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)